Твитерџијата Дарко Крзнариќ го коментира најновото, веќе кој знае кое по ред, истакнување на транспарентот „Македонија е една и единствена и таа е тука“ од навивачите на ПАОК на стадионот „Тумба“ во Солун, овојпат на вечерашниот меч со Бенфика од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите.

„Длабоко орање помага со ваков вид пациенти“, твитна Крзнариќ, придружувајќи им се на зачудените реакции на твитерската заедница од разни делови на светот вечерва дека УЕФА дозволува банери со политички пораки на мечеви од нејзините натпреварувања.

„А каква врска имаат Грците и Португалците со Македонија? (Бенфика само што поведе со 1:3) Ете им го сега транспарентот, па нека го носат во следното коло“, се дополни тој во нов твит.