Русија им даде рок од 9 месеци на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук да ги префрлат податоците за руските корисници на сервери што ќе бидат во Русија, објави агенција „Интерфакс“.

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук имаат рок од девет месеци да се усогласат со рускиот закон за податоци, пренесува агенцијата која се повикува на изјава на шефот на руската Федерална агенција за комуникации, Александар Жаров.

Жаров, изразил очекување дека Русија на крајот нема да мора да ги блокира Твитер и Фејсбук, пренесува  Ројтерс.

SHARE

Оставете Коментар