Твитер возврати: Павле во пародија постер на филм од Спилберг (ФОТО)

На организираниот интензивен обид на владини функционери, Пи Арџии и нивни “инфлуенсери” да го одбранат Павле Богоевски од тролање за аферата “Кокаин за пратеник” креативно возвратија Твитерџиите.

На постерот направен во чест на владината одбрана на Павле се користи пародија на филмот “Спасување на војникот Рајан”, на Стивен Спилберг.

Во пародијата се користат слики од еден нивинар, обвинителка, судијка со порака дека “Спасувањето на војникот Пајо” ќе се одвива во скопскиот кривичен суд.