Твитер акаунтот „Лина Лу“ реагира на барањето од министерот за надворешни работи Никола Димитров за извинување од порталот „Република“ што го поврза со аферата „Рекет“, поставувајќи му повеќе прашања.

„Кога ќе се извиниш ти за ЕРГА ОМНЕС? Кога ќе се извиниш за тргање на придавката македонски од институциите? Кога ќе се извиниш за државјанството во сведителства согласно некаков договор? Кога ќе се извиниш за знаци пред споменици ‘Хеленска историја’? Кога ќе се извиниш за откажување од Македонците во Грција? Кога ќе се извиниш за изјавата дека не знаеш на кој јазик зборат Македонците во Грција? Кога ќе се извиниш за сите понижувања од Бугарска страна?“, го праша „Лина Лу“ шефот на дипломатијата.

SHARE