Оромна ножица на која пишува „Уа, шнајдери“,  поставена на почетокот на „Партизанска“ е дел од герила акцијата како симболен протест против скандалозната распределба средства во Минсиерството за култура, пренесува „Макфакс“.

„Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива метрија и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“, порачуваат непознатите „герилци“ .

Во текстот пишува дека концептот култура за сите не значи оти сите витални фактори на културата во Македонија треба да бидат еднакво незадоволни. „Недозволиво е организации стари 10 дена да имаат предност над културното наследство старо 10 века. Сите присутни во националната стратегија за култура треба да се пресликуваат во годишните програми, а не да се изоставаат на страна“, пишува на таблата.

SHARE

Оставете Коментар