Косовската полиција објави дека уапсила државјанин на Македонија, откако при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

„Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за Ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице… соопштија од косовското МВР.

SHARE