Уапсен висок функционер од ДУИ во владата

По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахиу кој е од кумановскиот огранок на ДУИ, јавува порталот сдк.мк кој се повикува на извори во истрагата.

Јахиу според порталот е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови.

Државниот секретар пред еден месец докторирал на Битолскиот универзитет а пред десетина дена бил на службено патување во Прага.

Повеќе информации за апсењето и корупцијата вредна десетици илјади евра на сдк.мк

SHARE