Уапсени 10 дилери на дрога во полошко, меѓу нив и полицаец

Полицијата уапси над 10 лица за поседување марихуана, кокаин и хероин, во голема акција во Полошкиот регион.

Меѓу уапсените е и припадник на полицијата кој во моментот не бил на должност, но кај него е пронајдена дрога, дознава „Алсат М“,

Пред неколку месеци, Алсат најави дека при систематски прегледи, во крвта на значителен дел припадници на полицијата се пронајдени остатоци од наркотици.

За да се потврдат анализите, МВР одлучи своите припадници да ги провери уште еднаш, но овој пат во форензичката установа, дознава Алсат М.