Албанската полиција соопшти дека уапси четири лица осомничени дека украле околу пет милиони евра од патничкиот авион на меѓународниот аеродром во Тирана.

Според изјавата, три лица биле уапсени во централниот град Елбасан, а четвртиот во Круја, на север од земјата.

Крадците со возило влегоа на аеродромот и ги украле парите кои требало да бидат транспортирани во Виена со авионот на австриска авиокомпанија.

SHARE