Убав автогол на Грција со реакцијата до Би-Би-Си, вели професор од Лондон

Џејмс Кер-Линдзи од престижната Лондонска школа за економија и за политички науки смета дека Грција си даде автогол со протестот до Би-Би-Си за написот за македонското малцинство.

„Минатата седмица Би-Би-Си Њуз објави напис за ‘невидливо малцинство’ на Грција. Следуваше метеж. Атина се жалеше. Би-Би-Си го додаде видувањето на грчката Влада дека словенските Македонци не се признати како ‘национално малцинство’… со тоа потврдувајќи ја тезата на написот. Убав автогол!“, напиша на својот профил на Твитер познавачот на состојбите во Југоисточна Европа и повремен колумнист на грчкиот весник „Катимерини“.

SHARE

4 Коментари

    • Знам дека си навреден од тоа што го пишувам за твоите коментари. Но не треба мене да ми се лутиш, туку треба да си ги преиспиташ размислувањата. Ако не гледаш дека Македонија ништо не изгубила со Преспанскиот договор, дали е тоа нормално? Зарем не` снема, престанавме да постоиме? Престана ли да постои нашиот јазик, писмо, обичаи, култура, се што не` обележува како еден посебен народ, македонски народ? ШТО ИЗГУБИВМЕ од тоа што досега имавме? Името? Името е повторно Македонија, само што е додадена географска одредница на тоа исто име Македонија. Што има трагично во тоа? Не е баш пријатно, но од друга страна, се отвори патот за НАТО и ЕУ. Влегуваме во сојуз на најдемократските, најбогатите и најмоќните земји во светот. Тоа значи ќе имаме и шанса и помош за да ја направиме Македонија подобро место за живеење. РАЗМИСЛИ.

      • Размислувам бе. Еве да те прашам. Зошто за да влеземе во тие “демократски ” организации да има посебни правила за нас? И тоа самоукинување!

Comments are closed.