Француската полиција го застрела напаѓачот кој уби три и рани 12 лица на божикниот пазар во Стразбур во вторникот, соопшти министерот за внатрешни работи.

Полициска единица наишла на напаѓачот Шериф Шекат на улица во Стразбур и го застрелала откако отворил оган.

Шекат (29) имал повеќе кривични пресуди во Франција и Германија а наводно станал радикален исламист додека бил во затвор.

Според министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, синоќа тројца полицајци забележале човек што одговара на описот на Шекат, се обиделе да го уапасат но тој отворил оган околу 21 часот по што бил застрелан

Претходно пет лица беа уапсени во врска со нападот на божикниот напад, меѓу кои родителите на напаѓачот и двајца негови браќа.