Убиениот Џорџ Флојд умрел од задушување, но имал и корона!?


Убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен за коронавирусот, покажа обдукцијата, објави Си-Ен-Ен.
Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека за време на обдукцијата е направено ПЦР-тест.
Тој додаде дека Флојд веројатно имал асимптоматска клиничка слика, така што вирусот не играл улога во неговата смрт.
Флојд беше брутално уапсен во Минеаполис минатата недела, а потоа почина во полициската станица под необјаснети околности.
Поради снимките на кој се гледа како полицаец му го притиска вратот со колено, а Флојд вели дека не може да дише, почнаа протести кои прераснаа во насилтво низ САД но и во Европа.
Независна истрага потврди дека Флој починал од задушување, а полицискиот службеник Дерек Шовин бил обвинет за неговата смрт.

SHARE