Турските власти веруваат дека делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал ​​Кашоги биле изнесени од Турција и дека тоа го сторил еден од телохранителите на Саудискиот принц, Мохамед Бин Салман, изјавиле извори за „Middle East Eye“.

Се верува дека Махер Абдул Мутрибе, разузнувач за кој постои сомневање дека бил вклучен во убиството на Кашоги, изнел делови од телото во голема торба.

Тој го напуштил Истанбул на 2 октомври во 18,20 часот, истиот ден кога Кашоги влегол во саудискиот Конзулат и – исчезнал.

тТорбите на разузнувачот не биле проверени, зашто поминал преку ВИП преминот на аеродромот “„Ататурк“, а не бил прегледан ни авионот зашто полетал пред да се дознае дека новинарот исчезнал.

Турскиот извор за  „Middle East Eye“ изјавил дека телото на новинарот било исечено на 15 дела, а турските власти со денови вршат истрага на различни локации да откријат некоја трага.

15 лица пристигнале со два приватни авиони од Саудиска Арабија на 2 октомври, и вечерта истиот ден го напуштиле Истанбул.

Исчезнувањето на новинарот го пријавила неговата вереница, откако тој не излегол од Конзулатот.

Веќе со денови полицијата испитува одредени места, меѓу кои и Конзулатот и резиденцијата на генералниот конзул во Истанбул, кој ја напуштил Турција соопштува Ал џезира.

Саудиска Арабија конечно призна дека Кашоги загинал за време на испитувањето во конзулатот во Конзулатот и дека поради тоа се уапсени 18 лица, но ги отфрла наводите дека новинарот бил мачен, убиен и масакриран и дека неговото тело било отстрането.

SHARE

Оставете коментар