Убиство: 17-годишно момче прободено со нож

Половина час по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија која продолжила со физичка пресметка.

„Во еден момент А.Т. (18) извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со возило брза помош бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што починал“, појаснија од МВР.

Полицијата  го пронашла и привела А.Т.