Aвстриски медиуми објавија вест за „терор на децата мигранти“ врз професор во едфно средно училиште во Виена

На еден од снимките, кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледа како професорот плука  ученик поради што бил суспендиран.

Но откако информацијата за суспендирање беше објавена, се појавија други снимки на кои се гледа како учениците систематски ги тероризираат професорот од Високата техничка школа. Која се наоѓа во близина на таканаречената Балканска улица која се смета за една од најопасните во Виена., пренесува Индекс.Хр

Објавените видеа го наметнаа прашањето  што се случува.

Австриските новинари пишуваат дека снимките покажуваат дека учениците веќе извесно време ги малтретирале наставниците.

„Повторно и одново професорот постојано бил цел на различни видови напади“, пишуваат тие понатаму.

На една од снимките, може да се види како професорот го гаѓаат со тениско топче во главата по што ја напушта чилницата.

На друга се гледа како учениците пуштаат српско коло и го заобиколуваат пред таблата. На други снимки, исто така, се гледаат секакви физички напади.

Професорот најави дека ќе го напушти училиштето на крајот од учебната година.

На Фејсбук е отворена група поддржувачи на професор кој е тероризиран од тинејџерските банди.

SHARE

3 Коментари

  1. Е овие и полошите црпко ќе ни ѓи увезе како работна сила. Ние ќе работиме и за нив а тие ке тероризираат и ќе рушат.

Comments are closed.