Удар за САД: Данска дозволи изградба на „Северен поток 2“ под Балтикот


Енергетската агенција на Данска даде одобрение за асоводот „Северен поток 2“ , објавија АП и руските медиуми.
Така, Русија директно ќе снабдува гас на германската територија.
Одлуката на данската агенција за енергија да ја одобри трасата на гасоводот е удар за обидот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го блокира енергетскиот проект.

Од друга страна, одлуката на данската агенција претставува победа за Русија и за Германија кои цврсто го поддржуваат проектот.
Преку планираниот гасовод под Балтикот долг 1.200 километри ќе се транспортира природен гас од Русија до Европа.

Според САД и некои европски земји, гасоводот може да ја зголеми зависноста на Европа од Русија како снабдувач на енергија.

SHARE