,,УДБА из Бихаќке” го урива Мицкоски, тврди екс амбасадор

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи смета дека во тек е обид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Муцкоски да се урне со стари и добро познати методи на УДБА од Бихаќка.

Зеколи смета дека првиот налет за рушење на Мицкоски бил преку обидот да му се залепи етикетата анти-западен и тој обид според него веќе доживеа дебакл.

Сега според Зеколи следува проектирање на ривалство за претседателското место на партијата и фалење на претендентите за претседателската позиција по провладините медиуми.

За крај според Зеколи ќе следува серија на лажни скандали и обвинувања упатени кон Мицкоски.

“Првиот налет за рушење на Мицкоски преку етикета анти-западен доживеа дебакл. Следува тактика на проектирање ривалство за тронот на партијата и нивно фалење од СДСМ медиуми. И таа осудена на пропаст. По неа следува пакирање фалш-скандали. Стара школа Удбе из Бихаќке. Прочитано”, пишува Зеколи на својот профил на Твитер.

SHARE

2 Коментари

  1. Да бевме ние УДБАШКА нација немаше да се појават ваквите како Рада и Заев. Во време на Тито таквите не можеле да станат ниту претседатели на куќен совет, а не премиери и министри.

Comments are closed.