УЈП десеткувана поради Лукаревска

Десетина службеници во генералната дирекција на УЈП ќе бидат ставени во самоизолација, поради контакт со директорката Сања Лукаревска, дознава ТВ24.

Лукаревска денеска објави дека е позитивна на тестот за корона вирусот.

„Внимававме и ги почитувавме сите препораки, но сепак превентивно десетина лица од генералната дирекција на УЈП ќе бидат пријавени од моја страна во анкетата кај епидемиолозите за да направат тестирање“, вели Лукаревска за ТВ 24.

Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.

SHARE