УЈП ќе ги контролира фирмите поврзани со случајот „Рекет“

Паралелно со истрагата за случајот „Рекет“, Управата за јавни приходи ќе врши контрола во фирмите поврзани сослучајот „Рекет„.

„Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, до петок ќе дадеме налози за отпочнување на контрола и во ‘Меѓународниот сојуз’ , во ‘1 ТВ’, исто така и во ‘БМЈ медиа груп’ и кај сите останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи.

Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на ‘Меѓународниот сојуз’ за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

SHARE