Итен прекин на работата на мешовитата комисија, која има за цел да ја избрише македонската нација и македонскиот јазик бара партијата Глас за Македонија, според која Договорот за добрососедство со Бугарија е штетен договор, секако не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува. Како таков, Глас за Македонија нема да го почитува.

Партијата реагира на шовинистичките и ненаучни тврдења на БАН:

„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин.

Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безбројни и стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници, лингвисти од целиот свет’, се вели во соопштението од партијата.

SHARE