Пет пиштоли во кои се појавуваат во филмовите за британскиот агент „007“, Џемс Бонд биле украдени од дом на колекциoнер во Лондон.

Вредноста на украдените парчиња „оружје“ се проценува на приблишно 100.000 фунти, дознава лондонски „Мирор“

Кражбата се случила на 23 март, а тројца осомничени побегнале од местото на настанот.

Украдените пиштоли се појавуваат во филмовите Live and Let Die, 1973 и Die Another Day, 2002.

Полицијата верува дека крадците нема да се обидат да ги продадат бидејќи веднашп би биле откриени…