Украдено „ферари“ вредно 2 милиони евра!

Непознат маж, кој се претставил како потенцијален купувач, пред продавачот успеал да украде редок и скап автомобил.

Наводно потенцијален купувач, сакал да го проба возилото, но кога продавачот станал за да ги заменат местата, муштеријата притиснал на гаста и избегал со ферарито.

Автомобилот, марка „ферари“ од 80-тите години на минатиот век, се проценува дека чини околу два милиони евра, а германската полиција веќе втор ден е во потрага по дрскиот крадец и автомобилот „Ферари 288 ГТО“, првпат регистриран во 1985 година.

Полицијата во Дизелдорф сѐ уште не може да го лоцира возилото и бара помош од јавноста.

SHARE