Украина ѝ раскинува на Русија

Украинската Вврховна Рада ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за укинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.

„Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде укинат на 1 април 2019 година“, пишува Тас.

Агенцијата соопшти дека 277 пратеници гласале за поддршка на одлуката, а биле потребни 226 гласови одлуката дабиде усвоена.

Договорот меѓу Русија и Украина, наречен и „Голем договор“, беше потпишан од, потпишан од страна на претседателите Леонид Кучма и Борис Елцин, на 31 мај, 1997 година. Земјите официјално ги признаа границите и ги консолидираа принципите на стратешко партнерство и почитување на територијалниот интегритет.

По анектирањето на Крим и конфликтот во Донбас, почнаа да се слушаат предлози за раскинување на договорот поради повреда на територијалниот интегритет на Украина.