Украина смета дека може во НАТО веднаш по Македонија

Шефот на Мисијата на Украина во НАТО, Вадим Пристајко, вели дека неговата земја би можела да стане членка на Северноатлантската алијанса веднаш по Македонија.

За украинскиот телевизиски канал 112 тој објасни дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО во блиска иднина и оти, според него, Алијансата ги разгледува Босна и Херцеговина, Украина и Грузија како можни нови членки.

„Ние можеме да станеме 31. и 32. членка на НАТО“, изјави Пристајко.

Според неодамнешното истражување на јавното мислење во Украина, 41,6 проценти од анкетираните изразиле поддршка за намерата на нивната земја да влезе во военополитичкиот сојуз.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар