Претседателскиот кандидат, актерот, Володимир Зеленски, многу веројатно ќе победи на претседателските избори во Украина. На ова укажува најновата социолошка студија на која се повикува  Ројтерс.

Студијата на социолошката агенција „KIIS“ покажува дека Зеленски кој е дебитант на политичката сцена во Украина, и кој на јавноста ѝ е познат како актер кој игра улогата на претседател во популарна телевизиска серија, ќе освои 72,2 проценти од гласовите.

Сегашниот претседател Петро Порошенко ќе добие 25,4 отсто од гласовите.

Во истражувањето кое е спроведено во периодот меѓу 9 и 14 април, биле анкетирани 2.004 избирачи од цела Украина.

Минатата недела, во анкетата на агенцијата за рејтинг, Зеленски освои 61 глас, а Порошенко – 24 проценти.

Порошенко и Зеленски ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори на 21 април.

Во првиот круг, на 31 март, Зеленски освои речиси двојно повеќе гласови од  Порошенко.

SHARE

Оставете Коментар