Украински „Метинвест“ сака да ја купи скопската фабрика на „Арцелормитал“

Украинската компанија за челик „Метинвест“ сака да поднесе понуди за купување три фабрики од најголемата светска компанија за челик „Арцелормитал“, а според извештаите, станува збор за погони во Италија, Романија и Македонија.

Како што објави германското трговско здружение „Штал“ во врска со специјалистичката услуга „Платс БББ“, тоа се однесува на фабриките во Пјомбино во Италија, во Галаци во Романија, како и во Скопје во Македонија.