Украински „Виндроуз“ од декември со летови до и од Македонија

Почнувајќи од 6 декември, украински „Виндроуз ерлајнз“ ќе лета до и од Македонија, заклучно со 25 март 2021 година, објави авиокомпанијата на својата страница на Фејсбук.

Летовите ќе се извршуваат во четвртоците и во неделите со авионите „Ембраер Е-145“ со 48/49 седишта и „АТР 72-600“ со 78 места за патници.

Од аеродромот „Бориспил“ во Киев кон Скопје ќе се полетува во 10:50 часот по локално време, а од главниот град на Македонија кон Украина во 12:50 ч.

„Виндроуз“ е чартер авиопревозник со 11 авиони во својата флота, а лета на дестинации во Европа, Египет и Израел.

🔴 СКОП`Є 🔵 ПІВНІЧНА МАКЕДОНІЯ 🔴 БУДЬ ПЕРШИМ😀 Захоплені відгуки друзів змусили нас придивитися до цієї країни….

Posted by WINDROSE-reliable wings on Thursday, October 15, 2020
SHARE