Црногорското Министерство за култура одобри поставување на споменик на Скендербег во Улцињ, кој е помала реплика на постојниот, лоциран во Тирана.
Градоначалникот на Улцињ, Љоро Нрекиќ, за „Подгорица Њуз“ изјави дека министерството одобрило изградба на споменик од бронза, вкој заедно со постаментот ќе биде висок 3,5 метри, и покрај тоа што локалното собрание едногласно донело одлука споменикот дас биде висок пет метри.
„Нема да претеруваме, три метри е природна величина“, рекол Нрекиќ.
На фронталот на подножјето на споменикот на албански и и на црногорскик ќе биде напишано „Ѓерг Кастриоти Скендербег 1405-1468“

SHARE