УНЕСКО со предупредување ако Аја Софија стане џамија

УНЕСКО мора да биде известен за каква било промена во статутот на истанбулскиот музеј Аја Софија за која турските власти најавија дека ќе стане џамија.

Секоја промена ќе бара ревизија на нејзиниот статут од страна на Комитетот за светско наследство, соопшти Организацијата за образование, научна и култура на Обединетите нации.

Денес се очекува Врховниот управен суд на Турција да објави дека трансформацијата на Света Софија во музеј во 1934 година била нелегална, што ќе даде зелено светло за нејзино обновување како џамија.

претворањето на „Севат Софија“ во Истанбул во џамија не би ја лишило од нејзиниот идентитет како светско наследство, изјави портпаролот на турскиот претседател , пишува „Катимерини“. повикуваѝјќи се на турската агенција Анадолија.

Ибрахим Калин рече дека отворањето на Аја Софија за молитви нема да ги спречи луѓето да го посетуваат местото кое беше седиште на православниот патријарх Цариградски, изградено во 537 година.

„Сите наши големи џамии, како што се Сината џамија, Фатих и Сулејмановат џамија се отворени за посетители“, рече Калин за Анадолија.

„Света Софија“ е вклучена во списокот на светско наследство како музеј и како таква има одредени ангажмани и законски обврски.

SHARE