Унгарец предложен за наследник на Јоханес Хан

Ласло Трочањи, од Унгарија, е предложен за нов комесар за проширување и добрососедска политика на ЕУ, соопшти денеска
шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Изборот на Трочањи, како и на другите кандидати, изготвен по долги преговори, треба да добие и поддршка од новиот Европски парламент, но очекува дека тоа нема да биде проблем.

Трочањи е поранешен министер за правда во владата на Виктор Орбан, поранешен адвокат и судија, дипломат и универзитетски професор и доаѓа на местото на Јоханес Хан.

SHARE