Парламентот во Будимпешта денеска едногласно го ратификувал протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. За протоколот, како што соопштија од македонскиот парламент, гласале „за“ сите 153  присутни пратеници.

На чинот на ратификацијата на протоколот во Унгарија присутвуваше денеска и претседателот на македонското собрание Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија.

За жал, не сите, гледаат позитивно на „потписот“ од Будимпешта.

Македонски новинар и аналитичар денеска во колумна го прогласи за шверцерм, шизофреник кој не зема нерапија на време, министерот на Унгарија, Сијарто кој вчера ја посети Македонија, изрази зачуденост зашто ЕУ го одложува датупот за отпочнување преговори, но беше дециден дека не сака да одговара на прашање од правната сфера како што е екстрадицијата на екс-премиерот Никола Груевски кој доби азил од Будимпешта.

Новинарот Сашо Ордановски,во денешна колумна за посетата на министерот петер Сијарто во колмна ќе напише:

„ Министерот за надворешни работи на Орбан до пладне е примерен Европеец кој работи за подигнување на кохезијата и угледот на Унијата, а попладне е дипломатски шегобиец и шверцер на политички мигранти во гепеци, кој упорно работи за унижување на она што самопрегорно го прави до пладне.

Според тоа, логично е прашањето: си помага ли г. Сијарто со сериозна терапија заради изразените симптоми на политичка и дипломатска шизофренија; или мисли дека таа патологија поминува со редовно земање бомбончиња тик-так, со вечерни облози од млака вода и со утринско пиење чај од мајчина душичка? … А да се обиде со зголемување на дозата на тик-так? Или со намалување на дозата на разговори со Груевски„.

SHARE