Уранија Пироска за изјавата на Заев: Гнасно!

И активистката Уранија Пироска се вклучи во лавината реакции на социјалните мрежи по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.

„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!“, напиша Пироска.

SHARE