Уранија Пировска бара власта да не шпекулира за несреќата кај Карпалак

Кога ќе излезе МВР со информација за причините поради кои се случи несреќата, прашува Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет на граѓаните.

Веднаш откако пратеникот и близок соработник на премиерот, Рубин Земон излезе со шпекулации дека автобусот во кој загинаа 14 луѓе е цел на странски сили Пировска побара да не се манипулира со случајот.

“Немојте и овој пат да пуштате паушални, непотврдени и нецелосни информации!

Семејствата на починатите и јавноста, треба да добијат целосна информација за случајот и соодветно на тоа да се утврдува евентуална одховорност!

Државата и нејзините институции во вакви моменти треба да покажат максимална свесност и професионалност во сприцедуцањето на истрагата!

Не заборавајте дека на семејствата на починатите не може никој да им ги врати саканите луѓе но заслужуваат морална сатисфакција со тоа што ќе ја дознаат причината за несреќата”, порачува до властите Уранија Пировска.

Предходно Земон објави конспиративна теорија без никаква основа

Пратеник се сомнева дека автобуската несреќа била нарачана!?

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар