Екипите на јавни градски претпријатија се излезени на терен и интервенираат по невремето што го зафати Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека денеска паднало дрво врз автомобил во Автокоманда што по интервенцијата е отстранета, пернесе МИА .

Вчера се интервенирало на улица „Вич“ во Карпош 4, спроти градинката „Орце Николов“, каде, исто така, имало пријава за паднато дрво. Имало интервенција и во Карпош 2, на улица „Шекспирова“ каде имало паднати гранки кои се отстранети во текот на вчерашниот ден. Во Ѓорче Петров, кај Пазарчето, на улица „Македонска војска“ исто така имало паднато дрво, а во текот на вчерашниот ден екипите интервенирале и на Водно, во близина на амбасадите, каде имало паднати и искршени гранки.

Поради најавите за обилни врнежи проследени со силен ветар и грмотевици во скопскиот регион до крајот на неделава, од „Паркови и зеленило“ ги предупредуваат граѓаните на претпазливост и да внимаваат да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегне настанување на штети и несакани последици.

SHARE