Претседателот Стево Пендаровски сподели со јавноста несекојдневен начин на водење дипломатија од израелскиот амбасадор во Скопје, Дан Орјан, кој стоеше на раце пред него.

„Оваа фотографија, ‘стој на раце’ со израелскиот амбасадор @DanOryan, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно :)“, објави Пендаровски на Твитер, предизвикувајќи лавина урнебесни реакции:

„А ти шо не му покажа колут напред?“ – „Од кај да знае кај е напред?!“;

„Повеќе стабилност има човеков него регионот…“;

„А бе глуп, пораката е дека сте наопачки насадени, па за да ја види правата слика, треба вака да ве погледне“;

„Овој ти е од МОСАД, додека ти го гледаш, веќе ти поставиле пет прислушни апарати у канцеларијата :))“;

„Те молам кажи шо муабет правевте за да дојде оваа слика“;

„А ти што стоиш ко фикус?“;

„Најубав доказ дека никој повеќе не ве сфаќа сериозно!“;

„Медраноооо!“;

„Да ставиш и шипка, ако случајно дојде некоја амбасадорка за да може да вежба“.

SHARE