Урош Пипер: Советник на Заев вмешан во корупциски скандал во Македонија

Екс дописникот на Танјуг од Вашингтон Урош Пипер вели дека советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ е вмешан во корупциски скандал во Македонија.

Сопственикот на новинската агенција ПАЈП која соработува со Демократската странка на Србија пишува за Башановиќ во контекст на односите во Србија и открива дека тој е дел од скандал во Македонија но не прецизира дали се работи за случајот Рекет.

“Одамна прашав дали се Башановиќ и ТВ Наша идеал за слобода на медиумите..

Сега гледаме дека Башановиќ е вмешан и во голем корупциски скандал во Македонија.

Дали е тоа промена на системот и вредностите кои ги нудите на својата приватна цензорска ТВ”, ги прашува Пипер Српската народна странка и Вук Јеремиќ.

Зоран Башановиќ е контраверзен српски естраден турбо фолк менаџер, бизнисмен и политичар кој од 2017 година му е советник за економски прашања на премиерот Заев.

SHARE