Советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини, сопственик на пицеријата во близина на Чинарот во Охрид за која на големо сепишувашер дека е дивоградба тврди дека ги поседува сите документи и дозвола за локалот и дека 13 години плаќал с’е што треба. Т

Во разговор за ТВ21 Усеини вели дека доколку општината одлучила да го урне неговиот локал, тогаш ќе треба да урне уште многу други локали кои се наоѓаат до езерото, и  според него, во Охрид има 1.401 дивоградби, заедно со – неговата.

„Град Охрид има 1.401 дивоградби кои постојат веќе неколку години. Мојот локал со документација не е нелегален, имам документи. Овој документ е од 2019 година и е изгласан од општинскиот совет за летна тераса и со овој документ градоначалникот требаше да ни даде дозвола како и секоја друга година. Еве ги плаќањата за 2018 година и потписот на градоначалникот. Еве ги и на другите години, секоја година се е платено. Како е можно во 2018 година да се изгласа и да добиеме дозвола, а во 2019 да се изгласа и да не добиеме дозвола“, вели Усеини.

Усеини тврди дека „сите му се качиле на глава“ бидејќи тој е единствениот Албанец кој поседува локал во Охрид, пренесува ТВ21.

SHARE