Уште 25 починати и 1.182 заразени од коронавирус во последните 24 часа во Македонија

Нови 25 смртни случаи и уште 1.182 заразени од 3.109 тестирања е билансот од битката со Ковид-19 во последното деноноќие во Македонија.

Од починатите, шестмина се од од Скопје на возраст од 84, 77, 78, 83, 60 и 59 години, чеворица од Куманово (70, 61, 66 и 77), по тројца од
од Прилеп (45, 75 и 71) и од Тетово (58, 76 и 59), по двајца од
од Велес (71 и 88) и од Гостивар (67 и 67) и по еден од Штип (72), од Битола (54), од Кавадарци (66), од Струмица (71) и од Крушево (86).

Речиси половина од новозарзените се од Скопје (544), следуваат Тетово (75), Гостивар (66), Кичево (55), Прилеп (50), Куманово (48) итн.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани од Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 53.631, оздравени се 31.659, починати 1.487, а бројот на активни случаи достигна 20.485.

SHARE