Уште 30 дена притвор за Боки 13, но не и покана за распит

Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена на Бојан Јовановски кој веќе два месеци е во Истражниот затвор Шутка, неофицијално дознава „Фокус“.

Боки 13, заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со шефицата на СЈО, Катица Јанева, се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Бојан Јовановски досега не е повикан на распит.