Уште еден американски војник загина во Авганистан

Мисијата за поддршка предводена од НАТО во Авганистан го потврди загинувањето на уште еден американски војник, со што бројот на загинатите американски војници годинава достигна осум, јави Ројтерс.

Според Пентагон ,во таа земја се распоредени околу 14.000 американски војници, а мисијата на американската армија е фокусирана главно на водење и помош на авганистанските сили во борбата против Талибанците, кои беа соборени од власт во 2001 година.

Повеќе од 2.400 американски војници загинаа во 17-годишната војна во Авганистан.