Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Неделава, на покана од ЈО, искази дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јоисифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од ЈО не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

SHARE