Уште еден партиски пропагандист стана македонски дипломат

Еден од најголемите бранители на политиките на Владата, СДСМ и премиерот Заев стана македонски дипломат.

Драган Алчинов еден од шефовите на СДСМ во Гевгелија станал дел од екипата на министерот за надворешни работи Никола Димитров и од неодамна е вработен во МНР.

Алчинов во МНР е доведен на барање на највисоки функционери на СДСМ со цел да го советува министерот за геостратешки прашања тврдат извори во владеачката партија кои се незадоволни што неискусниот Алчинов ќе стане дел од дипломатијата.

Тој во своите коментари и анализи на социјалните мрежи и провладини медиуми имаше сериозни промашувања меѓу кои и дека Македонија сигурно ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Тој уште во август споделувал статуси на својот нов шеф.

Поради своите чести погрешни анализи Алчинов беше ставен на потсмев на Твитер.

Во своите јавни настапи Алчинов во секоја прилика води отворена војна против опозицијата со која ако остане да работи во МНР ќе мора да соработува.

SHARE