Уште еден починат и нови 72 заразени од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

За 24 часа во земјава се регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

SHARE