Победникот на Санденс „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на Европските филмски награди, што ќе бидат доделени во Берлин на 7 декември, дознава СакамДаКажам..

Европската филмска академија денеска во Севилја ги објави имињата на номинираните филмови во сите категории и „Медена земја“ за конкуренти ќе ги има „Сведоците на Путин“ (Русија), „За Сама“ (Велика Британија/САД), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).

Од премиерата и големиот триумф на Санденс, најголемиот американски фестивал за независен филм, „Медена земја“ освои уште девет награди на фестивалите низ светот а по победата на ДокАвив во Тел Авив директно го квалификуваше за номинација за Оскар за најдобар долгометражен документарен филм.

SHARE