Уште непочнат, на Бучковски му го одзедоа правото да преговара

Професоре Бучковски, Ви го одземам правото да преговарате со Бугарија во мое име и во име на мојот народ, пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Героски за екс премиерот што стана преговарач.

“Непријатно и дури и тажно е да се узнае дека нашиот Специјален пратеник во преговорите со Бугарија етногенезата на својата нација ја објаснува како чин на создавање во 1944 година, годината кога на заседанието на АСНОМ е создадена македонската држава, а не нацијата”, му порачува Героски на Бучковски:

Уважен професоре Владо Бучковски,

Се познаваме долго и Вие многу добро знаете дека никогаш против Вас сум немал ништо лично. Напротив, мислам дека ќе се согласите дека сме имале, а се надевам и дека во иднина ќе имаме, взаемно уважување и почитување.

Сепак, повикувајќи се на моето уставно загарантирано право да го искажам своето лично мислење и на мојот скромен капацитет да артикулирам и дел од јавното мислење на граѓаните на Македонија, си земам слобода јавно да Ви кажам дека Ви го одземам правото во мое име и во име на мојот народ да преговарате со Бугарија!

Или, попрецизно кажано, Ви го замрзнувам тоа право, сѐ додека јавно, тука, во Македонија, во Скопје, во дебата со стручната и со општата јавност, не ги расчистите крајно спорните и опасни тези што ги изнесовте во Вашето последно интервјуто за агенцијата БГНЕС, чиј дел е пренесен во твитот објавен на крајот на овој текст.

Ова се моите причини за тешката одлука што ја донесов:

1. Новинарот на БГНЕС јасно и прецизно Ве прашува: „Кажете ми, реалистично ли е во Скопје да ја прифатат тезата дека некогаш ние сме биле заеднички народ кој се самоопределил како бугарски?“ Да повторам, прашањето е многу едноставно и прецизно. Од Вашата подолга експликација, професоре Бучковски, за почеток ја издвојувам следната реченица: „Тврдењето дека ние, всушност, сме еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, ако се тера таа теза, ќе направи повеќе штета отколку корист“.

Од долгогодишен професор и политичар, од добар познавач на историјата, а сега и Специјален пратеник на премиерот Зоран Заев за преговорите со Бугарија, очекував многу појасен и попрецизен одговор. Но, Вашиот одговор, професоре, е сомнително нејасен. Вие велите дека тезата „еден народ – две држави“, ако се терала, „во овој момент“ ќе направела повеќе штета отколку корист.

Во овој момент?! Како тоа – во овој момент?! Кога ќе биде погодниот момент да се тера таа теза? Ќе има таков момент? Вие ја прифаќате теата „еден народ – две држави“?

Да не го слушнев продолжението на Вашиот исказ, уважен професоре, ќе мислев дека станува збор за лапсус. Но, целината на Вашиот исказ, за жал, открива еден фатален факт, преку кој јас, едноставно, не можам да поминам.

Целата колумна на Героски на plusinfo.mk на ОВОЈ ЛИНК

Различен однос кон задниците во различни ситуации

Јакимовски открива што прават Бугари кога се во тесно и кога не се

Потресен опис на Македонија – “Проклета авлија” https://www.expres.mk/akademik-planiraat-metafizichka-likvidacija-na-makedoncite/