Уште непочнати новите газди на Дрисла влегоа во контраверзи

Според информациите од Град Скопје, најдоцна до септември, депонијата Дрисла треба да биде под контрола на конзорциумот составен од германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе трае 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше италијанската ФЦЛ Амбиенте, но не исполни ниту една од нив.

Проектот ИРЛ.мк објави дека оваа одлука ја донесол шестчлена комисија формирана од градоначалникот на Скопје, Петре Шилгов.
Комисијата која била составена од вработени во Градот и од Министерството за животна средина откако ги евалуирала понудите на трите компании кои во 2012 година поднеле понуди за инвестирање во Дрисла, донеле одлука дека конзорциумот предводен од „Шолц“ има 100 бода, додека италијанската компанија добила само 82, 48 бода. Австриската компанија АСА била дисквалификувана уште пред почетокот на бодувањето.

Но новите концесионери веднаш почнаа со контроверзи.

Според ИРЛ.мк еден од сопствениците на компаниите кои го сочинуваат конзорицумот, Хрватот Петар Припуз бил уапсен за местење тендери и злосторничко здружување токму во бизнисот со отпад во матичната земја Хрватска, членка на ЕУ и НАТО.

Во врска пак со наводната германска компанија Шолц екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска тврди дека се работи за кинеска а не германска фирма.

SHARE