Уште само во една африканска држава нема коронавирус

Коморските острови го пријавиле првиот случај на коронавирус, со што стана 53-та од 54 африкански држави каде што се појавила заразната болест.

На африканскиот континент, бројот на заразени лица надмина 37.400, со 1.598 мртви.

Единствена држава каде нема коронавирус е малото кралство на Лесото на југот на контингент, објави АП.

Најголем број заразени лица, 5.350, е регистриран во најнаселената земја на континентот, Јужна Африка.