Услови за користење

Прифаќање на условите

Издавач на порталот expres.mk е ЕКСПРЕС МЕДИА ГРУП ДООЕЛ Скопје. Со пристапување и користење на интернет-страницата expres.mk, вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате да ги почитувате овие Услови за користење.

ЕКСПРЕС МЕДИА ГРУП го задржува правото во секое време, без претходна најава, да ги измени или дополни овие услови. Сите промени стапуваат на сила од денот на нивното објавување на оваа страница.

Право на користење

Посетителите на expres.mk имаат право на увид во сите објавени содржини исклучиво преку интернет пребарувач, и тоа само за лични, некомерцијални цели.

Посетителите на интернет страницата expres.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без изрична писмена согласност од ЕКСПРЕС МЕДИА ГРУП.

Комерцијално користење и санкции

Секое неовластено преземање, објавување или користење на содржините на expres.mk се смета за прекршување на авторските права и е предмет на финансиска обврска согласно следниот ценовник:

  • 15.000,00 денари + ДДВ за текст, артикл или статија
  • 15.000,00 денари + ДДВ за видео-содржина
  • 6.000,00 денари + ДДВ за фотографија

Со самото неовластено објавување, корисникот го прифаќа ценовникот и се согласува на директна наплата, покрај можната граѓанска и кривична одговорност.

Авторски права

Сите објавени содржини (текстови, фотографии, видеа, графики) се сопственост на expres.mk или се објавени со дозвола од нивните автори. Авторските права се заштитени согласно со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Коментари од корисници

expres.mk го задржува правото да ги одобрува, модерира или брише сите коментари што содржат:

  • говор на омраза, дискриминација или навреди;
  • дезинформации или клевети;
  • несоодветна или незаконска содржина.

Приватност и заштита на податоци

expres.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците собрани при користење на страницата не се споделуваат со трети лица, освен кога тоа е пропишано со закон.

Контакт

За сите прашања во врска со овие услови, контактирајте не на:
📧 expresmedia2017@gmail.com

To top