Успешен лет на најголемиот авион на светот (ВИДЕО)

Најголемиот авион на светот со распон на крилја од 117 метри, (повеќе од должината на фудбалски стадион) успешно го заврши својот прв лет, објави американската авиокомпанија Stratolaunch.

Авионот кој има два трупа, летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина до пет километри, и изврши неколку маневри пред успешно да слета.

Компанијата Stratolaunch беше основана од ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален во 2011 година, а целта беше креирае воздухоплов од кој ќе се лансираат сателити во орбитата, што е поевтино отколку класичното лансирање.

SHARE