Успешно танцуваме во коронакризата, оценува Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оценува дека Македонија во моментов успешно се справува со кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, опишувајќи го тоа со танц.

„За справување со кризата има еда глобална анализа, по која се води и нашата држава. Светот со оваа криза се справува на два начина: едниот го нарекуваат чекан, а другиот танц. Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отсто го имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, сè додека не заврши здравствената криза. Тука им Р-фактор, односно ширење на заразата. Ако тој Р-фактор е поголем, тогаш треба да се прибегне кон чеканот. Ние засега, споредено со други земји, успешно ‘танцуваме’, затоа што кај нас Р-факторот е сè уште низок. Ако се зголеми нагло, ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека, благодарение на стручните луѓе и на институциите, успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на инстутциите и така треба да продолжиме“, изјави експремиерот во „Само интервју“ на телевизијата Канал 5.

SHARE